СДСМ: Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да кажат за што се и да се изјаснат за референдумот

Од:

„Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните.

Цела деценија, во секој јавен настап и во секоја програма ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за референдум и право на граѓаните да го имаат последниот збор, да одлучат за патот по кој ќе се движи државата.

Сега референдумот е пред нас, кога е обезбедено членството во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став.

Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да кажат за што се и да се изјаснат за референдумот. Ако е за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека лаже и дека всушност е за одбрана на криминалот на неговиот претходник, за изолација, назадување и неизвесност.

Граѓаните нема да дозволат некој да ја закочи македонската иднина.

На 30 септември, слободно и достоинствено, на референдум, граѓаните ќе дадат поддршка за светла иднина прифаќање на Договорот со Грција, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со зачуван и признаен македонски идентитет од целиот свет.

Граѓаните се јасно определни, сакаат светла иднина наместо темна небиднина. ДА за македонската иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници