СДСМ: Вработувањата се законски, транспарентни и за сите важат исти услови

Од:

„Непотизам и партизација на институциите се одлика на криминалната ВМРО-ДПМНЕ која 11 години масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите.

Таквиот однос кон државните институции и администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни . Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секоја има еднакви можности за работа.

Државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред , дека невработеноста се намалува, платите растат, а економијата се движи во вистинска насока“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра