СДСМ: Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни бидејќи се повеќе нивни членови излегуваат и гласаат

Од:

„Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, бидејќи и покрај бојкотот што го заговараше раководството на партијата, пратеници и членови на ВМРО ДПМНЕ излегуваат на референдум и гласаат.

Лажните вести пласирани од опозициската партија не се ништо друго освен панична реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и покрај бојкотот што го диригира Христијан Мицкоски и дел од негови приврзаници, се повеќе претставници и членови на партијата го игнорираат, излегуваат и го корситат своето демократско право да одлучуваат за иднината.

Лжните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани и од Државната изборна комисија, којашто потврди дека референдумот се спроведува слободно и демократски.

По деценија злоупотреби на институциите, по деценија притисоци, уцени и закани врз граѓаните и погазување на нивните права, ВМРО-ДПМНЕ, не знае што е фер, демократско и слободно изјасување во фер и демократски услови.

Граѓаните на денешниот референдум гласаат слободно, без притисоци и без закани, во слободна и демократска атмосфера“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски