СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија заглавена во режимско криминалната матрица

Од:

„Христијан Мицкоски е човек кој нема капацитет да понуди нови политики, ниту пак некаков нов концепт. Тој е опкружен со лица од режимот кои биле и ќе останат на спротивната страна од правдата и одговорноста. Еден од нив е и Игор Јанушев, сегашен пратеник, а до неодамна прв соработник на Мицкоски како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„Против Јанушев е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба при набавка на кинески автобуси.

Постои сомневање дека Јанушев го оштетил Буџетот за безмалку пет милиони евра, пари на граѓаните.

Со ова обвинение се зголемува бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се товарат за различни криминални дела и кои се наоѓаат пред судовите.

За делото злоупотреба на службената положба, на обвинителна клупа е и Антонио Милошоски, лицето за кое има и пресуди од германски судови.

Одамна е јасно дека освен криминал, деструкција, лажни вести и опструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат ништо друго да понудат.

Мицкоски цврсто стои на браникот на криминалот на режимот, но бегање од правдата нема, секој којшто се огрешил пред законите мора да сноси одговорност.

Тие можат да се пребојат во сите можни бои, но тоа нема да го избрише фактот дека во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема никаква промена.

Граѓаните го гледаат тоа и затоа не даваат доверба на политиките на Мицкоски, затоа криминалната ВМРО-ДПМНЕ ја чека нов пораз на претстојните избори наесен“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“