СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

Од:

Опозициската СДСМ попладнево објави нови кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

На прес-конференцијата на која се обрати лидерот на партијата, Венко Филипче најголемо внимание предизвика одлуката актуелниот градоначалник на Струмица – Костадин Костадинов да биде кандидиран за нов, трет, градоначалнички мандат.

Филипче ги соопшти новите имиња за неколку општини – Карбинци, Сопиште, Дебарца, Охрид, Демир Хисар.

Во Струмица за кандидат е предложен Марјан Даскаловски, актуелен претседател на општинската организација на партијата. Причините зошто Костадинов не доби шанса за нов мандат засега не се соопштуваат.

Инаку, во Охрид, СДСМ ќе настапи со кандидатот д-р Асен Шајн.

„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување, а не поделба на партијата“, изјави претседателот на партијата, Филипче.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски