СДСМ: Во страв од враќање на правдата медиумските курири не го пренесоа ставот на ЕУ и САД за аболицијата

Од:

„Лагите, измислиците и пропагандата на Груевски се секојдневие на медиумските курири.

Вчера, Европската унија и САД недвосмислено порачаа дека делумното повлекување на аболицијата од страна на Горѓе Иванов е неприфатливо.

Медиумските курири во страв од вистината и враќањето на правдата, не го пренесоа ставот на еврокомесарот Јоханес Хан дека oдлуката на Иванов за „поништување на помилувањата на само мал број на луѓе, не е доволна“. Како што е наведено во неколку наврати од страна на ЕУ, сеопфатно решение е клучно за да се избегне селективна правда.

Дополнително, американската Амбасада порача дека делумното или селективно поништување на помилувањето ќе го зголеми растечкото чувство на неказнивост во оваа земја.

За три години, “Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски и се најголеми промотори на лагите и манипулациите на врвот на ВМРО ДПМНЕ.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот