СДСМ: Во страв од вистината, медиумските курири не ги пренесуваат ставовите на меѓународната заедница

Од:

„Ништо нема да го спаси Никола Груевски и неговата криминална банда од одговорност, најмалку секојдневните манипулации и измислици на медиумските курири.

Лагитe и невистините пласирани преку медиумските курири имаат за цел да ги сокријат криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Медиумските курири во страв од вистината и враќањето на правдата, не го пренесоа ставот на меѓународната заедница дека аболицијата мора целосно да се поништи и дека селективната правда е неприфатлива.

И амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет вчера порача дека “за еднаквост пред законот потребно е 56 од 56”, односно целосно поништување на аболицијата што Груевски ја нарача за себе и неговите соработници, кај лицето Горѓе Иванов.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, велат од центарот за комуникации на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата