СДСМ: Во страв од вистината медиумските курири хистерично шират лаги

Од:

„Паниката што владее во ВМРО-ДПМНЕ се пренесува и кај медиумските курири, платени со пари на граѓаните.

Медиумските курири хистерично шират лаги обидувајќи се да ја сокријат вистината дека Македонија се крена против криминалната дружина на Никола Груевски.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата.

Едно е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекшил законот ќе одговара.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата