А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Во страв од обелоденување на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ во енергетски компании, тие пласираат лажни вести

by А1он27/08/2017 - 15:2867
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Во страв од обелоденувањето на криминалите што кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ги правеле во енергетските компании и во паника од извесниот убедлив пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да пласира лажни вести во кои никој повеќе не верува.

Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ за наводно поскапување на струјата, нема да го смени фактот дека наскоро граѓаните повторно ќе можат да користат дневна евтина тарифа на струјата по два часа секој ден. Токму ВМРО-ДПМНЕсо своето коруптивно владеење ја укина евтината тарифа на струјата преку ден, а цената на електричната енергија ја зголеми за 100% во последните 11 години.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на реформите што го подобруваат квалитетот на живот, носат повисоки плати и обезбедуваат враќање на парите назад кај граѓаните. Со користењето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата граѓаните ќе имаат можност да заштедат и со тоа ќе имаат пониски сметки за струја“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто