СДСМ во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ во Кочани

Од:

СДСМ и Сојузот на иднината во Охрид вечерва од 19 часот ќе го промовираат актуелниот градоначалник, Александар Петрески.

Од партијата велат дека нивниот кандидат веќе осум години успешно ја води локалната власт во туристичкиот бисер.

Веруваат дека и на овие избори ќе успее уште во првиот круг да победи, благодарение на неговата изборна програма, која е реална и остварлива.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва ќе имаат митинзи на истокот на земјава.

Најпрвин во 17 часот ќе одржат митингот во Виница, на кој ќе се обрати кандидатот за градоначалник Емил Дончев, а во 20 часот во Кочани ќе го промовира кандидатот за градоначалник, Ратко Димитровски.

На митингот ќе се обрати премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и кандидатот за градоначалник Димитровски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?