СДСМ: Во обид да ја заштити сопствената кожа, Груевски прави ново кривично дело

Од:

„Никола Груевски е распаметен. Фатен е во големи изборни грабежи, што и самиот тој знае дека се кривични дела и преседан во светски рамки.

Нема нешто што може да ги покрие доказите за фалсификат лични карти, за „човечиња“ од Пустец по 50 во еден стан, за едни исти луѓе од Свети Николе, по 15-мина, во станови во Гази Баба, кои вртеле и гласале на повеќе избирачки места, за манипулации со субвенциите, со бањите, со социјалната помош, за поткупите со брашно, за притисоци од кои сопственици на казнети фирми „вриштеле и пиштеле“.

Во обид да ја заштити сопствената кожа, Груевски, прави ново кривично дело, со тоа што преку сервисот Ју Тјуб пушта во јавност видео снимки од тет а тет разговори во неговиот кабинет, за коишто самиот, пред некој ден рече дека се направени со посебни истражни мерки, на негово барање“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски