СДСМ: Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, но не на 24-ти април

Од:

„Никола Груевски призна дека треба и мора да има фер и демократски избори.

Но, во паника од соочување со одговорноста за криминалното владеење во изминатите години, Груевски уште еднаш потврди дека се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори.

Да не се плашеше од фер избори Груевски немаше да ја кочи имплементацијата на клучните сегменти од Договорот од Прижино и ќе прифатеше прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите.

Вака само го потврдува она што секој граѓанин на Македонија го знае, дека Никола Груевски не сака слободни, фер и демократски избори затоа што знае дека ќе ги изгуби.

За Македонија да тргне напред потребни се слободни, фер, кристално чисти демократски избори.

Да. Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, но не на 24-ти април“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените