СДСМ: Во Македонија има обележани 169 црни точки на патиштата уште пред 4 години и никој не ги санира

Од:

ВМРО – ДПМНЕ после цели 8 години владеење се сети дека патиштата во Македонија се во катастрофална состојба па започна да зборува за санирање на дел од патната инфраструктура.

Безбедните патишта се само една од елементарните потреби на граѓаните на што власта на Груевски целосно заборави.

Во Македонија, официјално има обележани 169 црни точки на патиштата уште пред 4 години и никој не ги санира.

Неодговорноста на власта се одрази врз најскапоценото нешто, човековиот живот.
Статистиката на МВР покажува дека за само 6 месеци во оваа година на патиштата во земјава загинале над 70 лица. Во првото полугодие од 2014 година се случиле 1.716 сообраќајни несреќи во кои повредени биле дури 2.687 граѓани. До крајот на годината овие бројки ќе бидат значително поголеми. Фактите покажуваат дека луѓето во Македонија гинат по небезбедни патишта.

Да се фокусираше власта на изградба и обнова на патната мрежа наместо да троши милиони за проектот Скопје 2014 македонските патишта ќе беа побезбедни и ќе се спасеа многу човечки животи, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски