СДСМ: Во криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ пари имаше само за Груевски и неговите соработници

Од:

„За време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните беа постојано осиромашувани за да се богатат Никола Груевски и неговите соработници. Таквото време на осиромашување и задолжување на граѓаните за богатење на поединци од ВМРО-ДПМНЕ заврши кога граѓаните избраа нови одговорни власти предводени од СДСМ.

Владата предводена од СДСМ, со низа мерки, парите ги насочува кон граѓаните и создава можности за зголемување на платите.

Зголемена е минималната плата на 12.000 денари и тоа важи за работниците во сите стопански гранки. Се создаваат услови за зголемување на платите и за вработените во здравството, образованието, АРМ, градинките и со тоа се отвора спиралата на пораст на платите во Република Македонија.

СДСМ преку Владата што ја предводи, продолжува отчетно, одговорно и транспарентно да ги спроведува зацртаните мерки што носат повисоки плати, пензии, подобар животен стандард, нови работни места и квалитетен живот за сите во Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените