СДСМ: Во Домот за деца без родители „11 Октомври“ веќе нема сместено ниту едно дете

Од:

„Започнатиот процес на деинституционализација од страна на Министерството за труд и социјална политика се спроведува успешно и дава сериозни резултати.

Во Домот за деца без родители 11 Октомври во Скопје, веќе нема сместено ниту едно дете. Од пред неколку дена тие се сместени во 4 мали групни домови и згрижувачки семејства.

Претходно, пред околу четири месеци целосно беше трансформиран и домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и сите се вклучени во редовниот образовен процес.

До крајот на 2018 година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години денес тие се сместени во мали групни домови каде што добиваат 24 часовен надзор и им е пружена сета потребна поддршка.

Досега, преку проектот за деинституционализација бројот на деца сместени во институции е намален за 60 отсто.

Заложбите на владата предводена од СДСМ и надлежното министерство се до 2020 до 2020 година да нема повеќе деца под 18 години кои ќе бидат сместени во институции.

За таа цел процесот на деинституционализација продолжува и во следниот период“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува