СДСМ: Во буџетот на РМ за 2013-та година, „0“ денари за Битола!

Од:

„Буџетот на РМ за 2013 година по седми пат, во континуитет, го разоткрива во целост односот, и политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Битола и битолчани. На 366 страни, во буџет тежок 2,7 милијарди евра што го полнат граѓаните од цела земја – ниту Б од Битола. Ниту еден проект, ниту денар за втората по големина општина во Републиката.

– Загрижувачка и вознемирувачка е статистиката: сумарните податоци од централните буџети за периодот 2007-2012, според добиените средства за капитални расходи, пред општина Битола се наоѓаат над 25 помали општини! Втората по големина општина во републиката и согласно тоа, вториот по големина “полнач” на заедничката каса, е на самата опашка според средствата што ги издвојува Владата на ДПМНЕ!

– Е токму заради овој навредлив и потценувачки однос кон нашиот град, по седми пат поднесуваме амандмани. Заедно со пратеникот Диневски, бараме повеќе средства за клучни инфраструктурни проекти за локален развој на општина Битола. И наместо искрена поддршка за амандманите за Битола, вчера од нашите конкуренти бевме обвинети за бескрупулозност, немање на визија и безидејност ?! Каква иронија!

– И овојпат го поднесовме амандманот за реконструкција на железничката пруга Битола-Кременица. На оваа ли идеја е нивната замерка? Заборавија ли дека во Преродбата од 2006 на стр.44 ова беше нивно приоритетно ветување што требаше да е реализирано до 2010? Уште повеќе, лани во нивниот Манифест, на страна 78, ветија дека овој проект ќе започне со реализација април 2013?! Ама во буџетот за 2013 година ставката за ова исчезнала! И затоа со амандманот бараме издвојување на 250 милиони денари за првата и втората фаза од овој проект, бидејќи Владата на Груевски по седми пат го брише од својот список.

– Можеби на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа идејата кога бараме 176.067.000 денари за проектот – топлификација на Битола? Па заборавиле ли дека токму Талески и Коњановски пред секои избори токму ова го ветуваа! И до ден-денес не го реализираа! Дополнително, во нивниот Манифест од лани, на стр.122, го ветуваат истото ова! И внимавајте, тука јасно стои дека: рокот за почеток на изградбата е ЈУНИ 2012! Ама ни во 2013 год не издвојуваат ниту денар!

– Овие проекти се неопходни за да се направи реална можност Битола економски да се развива и да го реши својот генерално најголем проблем, огромната невработеност. Триесеттината амандмани што ги поднесовме со Диневски и тоа како се визија и нудат решенија за бесперспективноста во која е втурната Битола последните 7 години и локална и централна власт во рацете на ДПМНЕ. Токму заради овој непобитен факт, најискрено ги повикуваме и Талески и Илиоски, и Иво Ивановски и

– Коњановски, како високи партиски и владини функционери, да издејствуваат поддршка од пратениците Кузмановска и Џалонга, за нашата амандманска понуда. Бидејќи, за Битола се работи“, изјави Весна Бендевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја