СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

Од:

Прашањето на македонскиот јазик и Планот за правата на заедниците не се тема на билатерални односи. Темата со македонски јазик во ЕУ е затврена и завршена. Македонија го има и првиот Договор со ЕУ потпишан на Македонски јазик. Договорот за Фронтекс го потпиша дури и Бугарија, со што македонскиот јазик е официјано признаен и во ЕУ, велат од СДСМ.

„Зошто прашања со Бугарија за македонски јазик се отвораат сега кога се затворени во ЕУ? Како што веќе многупати кажавме, затоа што ВМРО намерно го стопира процесот на евроинтеграции и намерно измислува теми, како последната со Бугарија. Затоа што сака изолација на Македонија. За да може да продолжат со грабежот преку тендерите, како што се, на пример, 161 тендер на една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милиони евра тендери од Пошта за фирма блиска до ЗНАМ и многу други.

Ова е само уште еден доказ за сè она што СДСМ го говори во јавноста во изминатиот период. Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сакаат ниту да ја отворат темата за членство во ЕУ, затоа што сакаат да го прекинат процесот на евроинтеграции, да распишат избори а потоа да донесат мигранти. Тоа е нивниот план, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?