СДСМ: ВМРО лажни вести ДПМНЕ се откажа од трката за Град Скопје, знае дека ќе загуби, па штанца лажни вести

Од:

Од СДСМ обвинуваат дека ВРМО ДПМНЕ пласира лажни вести во јавноста.

„ВМРО-ДПМНЕ очигледно е дека се откажа од трката за градончалник на Град Скопје, знаејќи дека ќе загуби па затоа очајно штанца лажни вести. Последна таква е тврдењето од белиот дворец за наводно рушење на дел од објектите во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Како што јавно информираше Град Скопје се работи за регулациски план, донесен одамна, со кој се предвидува пробивање на сервисна уличка за потребите на околните постоечки објекти, сервисна уличка, а не булевар како што манипулираат од ВМРО-ДПМНЕ и истата може, но и не мора да биде изградена во иднина“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби