СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ знае само да шири лажни вести, додека Мицкоски е на браникот на криминалот

Од:

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од хистеричниот Христијан Мицкоски, заглавена во безидејност и деструктивност, без став и предлог за клучните прашања во државата нема што друго да им понуди на граѓаните освен лажни вести и дезинформации.

Единствена вистина е изјавата на Мицкоски дека токму тој е на браникот на криминалот.

Лажеа дека се распарчува државата, дека се распродава идентитетот, со што ги поткопуваа државните позиции.

Лажеа дека 100.000 граѓани останале без работа, дека во земјата ќе се населуваат мигранти“, велат СДСМ.

„Лажеа дека нема доволно тестови за коронавирусот, дека нема заштита опрема за здравствените работници, а го опструираа здравствениот систем и опремувањето на 16 ковид болници.

Ширеа невистини преку Вело Марковски дека вирусот не е опасен и дека носењето маска е не е потребно.

Лажат дека се загрижени за здравјето на граѓаните, а организираат собири на кои воопшто не ги почитуваат мерките на заштита.

Граѓаните одамна ги прочитаа нивните лаги, три пати на избори го поразија лидерот на партијата во стечај, заштитникот на криминалот Мицкоски, кој како дезинформатор го потврди и студија на ЕУ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ