СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ знае дека огромното мнозинство граѓани е ЗА европска Македонија

Од:

„Залудни се измислиците и конструкциите на опозициската партија, граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку бојкотот што активно го организираат, насилно да ја блокираат македонската иднина.

Граѓаните се определени за напредок, интеграција и развој и затоа во недела масовно ќе излезат и ќе гласаат ЗА европска Македонија.

Надлежните институции се на висина на задачата и гарантираат организирање на фер, слободен и демократски референдум.

Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран.

Како што се ближи датумот за референдум, станува се појасно дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и работат против иднината на Македонија и нејзините граѓани.

За среќа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оние кои одлучуваат. Тие остануваат сами и изолирани во темното минато на криминал, корупција, изолација и неизвесност.

Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември. Одлуката за иднината ја носи огромното мнозинство кое ќе каже ЗА европска Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски