СДСМ: ВМРО ДПМНЕ злоупотребува општински пари во Битола за осудени од 27 ми април

Од:

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола да им се додели финансиска помош на партиски членови и роднини на осудените лица за 27 април е злоупотреба на пари на граѓаните на општина Битола велат од СДСМ.

– Тоа е потврда дека во оваа партија предводена од Христијан Мицкоски ништо не е сменето, таму е истата насилничка и режимска матрица. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица троши народни, општински пари за финансиски да поддржува лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, лица кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието. Додека ги покачува цените на услугите за граѓаните, додека долгорочно ги задолжува општините, ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги дели на партиски членови. Ова е чиста злоупотреба на народните пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. 27 април е најцрниот датум во современата македонска историја, настан во реализација на ВМРО-ДПМНЕ, настан за кој низ судска, отворена постапка се изречени ефективни затворски казни за виновниците, се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?