СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува несреќен случај

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува дури и несреќен случај кој за чудо завршил без човечки жртви.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува ова садистичко однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за земјоделство веќе ги демантирше лагите и конструкциите изнесени на порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во врска со сообраќајната несреќа на лице вработено во кабинетот на министерот.

Ниту е точно дека несреќата се случила надвор од работно време ниту е точно дека возилото било управувано без одобрение. Лицето има одобрение потпишано од минстерот и со тоа законски управувало со возилото.

Второ, деталите за несреќата се објавени во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи, наспроти лагата на ВМРО-ДПМНЕ дека не се.

Срамно, ниско и недозволиво е поигрување со човечки животи и злоупотреба на несреќен случај за политички манипулации со јавноста. Граѓаните го прочитаа ВМРО-ДПМНЕ одамна, а на вакавите конструкции и манипулации никој повеќе не верува.

ВМРО-ДПМНЕ е без политички компас, без ставови за клучните прашања за државата, без идеја, програма и визија“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски