СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ живее во минатото

Од:

„Се што фати ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години се уништи. Затоа ВМРО-ДПМНЕ живее во минатото и сака да зборува за 10 години наназад, ама не за последните 10 години кои ја уназадија Македонија.

СДСМ не живее во минатото. Зборуваме за сегашноста во којашто граѓаните едвај преживуваат и којашто СДСМ ќе ја промени заедно со граѓаните по 24-ти април.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја уништија економијата.  Над 180 илјади граѓани живеат со по 40 денари на ден. Повеќе од 10 илјади фирми се затворени а секоја трета фирма  во земјава е со блокирана сметка.

Лошите политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за иднината на Република Македонија.  626.312 граѓани заминале од земјава, пред се млади, образовани луѓе, според податоците на Светска банка.

Странските инвестиции во земјава во јули и јуни оваа година се на рекордно најниско ниво во Европа, според податоци на Народна банка.

Тоа се поразителните податоци за штетните политики на Никола Груевски којшто 10 години ги лаже граѓаните.

Нема повеќе надеж за Никола Груевски, тој е веќе минато. Иднината е Македонија со европски вредности“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски