СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ залудно глуми загриженост за студентите

Од:

„Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ партијата која што 11 години ги понижуваше студентите, а студентските домови ги остави заглавени во долгови, денес да шири лажни вести и да глуми загриженост за студентите.

Не е точно дека се скратени средства за реконструкција на студентски домови. Вистината е дека средствата што не можат да се реализираат до крајот на годината, се пренаменуваат онаму каде што има реална потреба од нивно искористување.

Преку одговорен и домаќински пристап во работењето, Владата предводена од СДСМ ги врати долговите на студентските домови направени од ВМРО-ДПМНЕ, вложува во квалитетот на образованието и работи на подобрување на ученичкиот и студентски стандард. Со ребалансот на буџетот Министерство за образование и наука веќе предвиде нови 35 милиони денари за студентски стандард и 10 милиони денари за ученички стандард кои се наменети за ученички стипендии и школарини, а со новиот буџет за 2018 година предвидени се зголемени средства за ученички и студентски стандард“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените