СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ втор ден лаже и измислува непостоечки случаи, договорените тендери се одлика на нивното криминално владеење

Од:

Втор ден ВМРО-ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непостоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста. Договорените тендери се одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ партијата која не нуди ништо освен лаги, измислици и непостоечки случаи, реагира СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Град Скопје и официјално ги демнатира лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните информации, соработката со посочената компанија е остварена законски.

На јавен повик за јавна набавка на кој можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите, избрана е посочената компанија како најсоодветна, регуларно и низ сите законски прописи. ВМРО-ДПМНЕ заборава дека истата компанија соработувала со Град Скопје и во минатото, во време кога градоначалник е Коце Трајановски. Тој факт дополнително ги побива лажните вести на опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ веќе не може преку лаги и невистини не може да ги манипулира јавноста и граѓаните, никој повеќе не верува во нивните измислици.”, објаснува СДСМ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?