СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија глуми загриженост за здравјето, а ги крши мерките за заштита

Од:

„Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемијата со коронавирусот е апсурдно и ирационално, едно зборуваат друго прават.

Во име на лажна загриженост за здравјето на граѓаните не учествуваат на локалните избори во Штип, а истовремено организираат протести, на кои не се почитуваат мерките за заштита на здравјето во време на пандемија на коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ бараа парламентарните избори да се одржат есенва, велејќи нема да има нов бран, а сега бегаат од изборите за градоначалник на Штип“, вели СДСМ.

„Не може да се најде оправдување за нивните постапки против заштитата на јавното здравје и поткопувањето на напорите на здравствениот систем за борба со коронавирусот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку неодговорно однесување во Собранието го кочеше носењето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, со што се одолговлекуваше воведувањето дополнителни мерки за заштита на јавното здравје.

ВМРО-ДПМНЕ го кочеше заемот за опремување на ковид-центри. Наместо една модуларна болница кај Инфективната клиника, сега ќе имавме 16 опремени модуларни болници, ако не го блокираа заемот од Светска Банка преку нивната заменик дополнителна министерка за финансии. Сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти.

На граѓаните им е кристално јасно дека Владата предводена од СДСМ посветено се грижи за јавното здравје, додека ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата прави опструкции и настојува да ги девалвира напорите за справување со пандемијата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст