СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ веќе поддржа Закон што заштитува од дискриминација по основ на сексуална ориентација и родов идентитет

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски се наоѓа во сериозна конфузија околу тоа што како политика поддржува, а што не.

Последен пример за тоа е соопштението со изнесени дилеми во однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ги потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ дека пратеничката група и Христијан Мицкоски веќе поддржаа Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во кој беше усвоен амандман за спречување на дискриминаторска содржина по основ на сексуална ориентација и родов идентитет, за што сведочат и листинзите од гласањето на тој закон на седница одржана на 28.12.2018 година.

Нејасно е како сега се појави дилема кај Христијан Мицкоски за тоа што е родов идентитет, при тоа веќе еднаш поддржан закон во Собранието со истата содржина? Што се однесува до дефиницијата за брак, бракот се дефинира во Законот за семејство.

Дополнително ги потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ во поглед на барањето за изјаснување на верските заедници по однос на овој или било кој друг закон дека Република Северна Македонија е секуларна држава.

Се надеваме дека личната конфузија на Христијан Мицкоски и малата група негови поддржувачи околу тоа кои политики ги поддржуваат, а кои не, ќе се надмине и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на Законот за спречување и заштита од дискриминација“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ