СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно го злоупотребува пожарот во Тетово за политички цели, конструира случаи и измислици, во обид за политичко профитерство

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од политизирање на несреќниот пожар во болницата во Тетово, не се откажува од злоупотреба на чувствата на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ се обидува да профитира на несреќи, ширејќи лажни вести и конструкции кога се уште се чекаат комплетните резултати од истрагата“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури и споредбите со романската влада не им се точни, распуштањето на Владата на Романија е со подлабоки и посложени причини од она што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го протне во јавноста.

На неколку денови пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков проект, никаква визија, туку само лажни вести и конструкции и затоа им следува нов пораз на изборите“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он