СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ трошеше расипнички, оваа Влада ги враќа парите кај граѓаните

Од:

„За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите и задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните.

Планот за економски раст и економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Зголемена е минималната плата за работниците во сите индустрии која изнесува 12.000 денари, се решава долгогодишниот проблем со стечајните работици, следува зголемување на платите во образованието, армијата и здравството, зголемена е поддршката за претпријатијата, а непродуктивните трошоци се драстично намалени.

Потпишани се договори со осум странски компании, инвестиции во вредност од 73,5 милиони евра без да биде потрошен ниту еден денар на граѓаните за промоција и маркетинг.

Потврда за исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ е фактот што во 2017 година јавниот и државниот долг забележаа пад за првпат по 2009 година, а неодамна, меѓународната кредитна агенција „Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста