СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создаде и остави огромни долгови, сега економијата се движи во добар правец

Од:

Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што јавниот долг за неколку години го зголеми двојно и создаде колапс во економијата, денес да зборува за економија и задолжувања, реагира СДСМ на денешната прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

“За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите од скапите и неконтролирани задолжувања се трошеа за криминални тендери, барок и споменици, денес преку одговорните политики на Владата  долгот е стабилизиран и ставен под контрола, а економијата оди во нагорна линија.

Фреквенцијата на задолжувања е намалена, намалени се и каматните стапки и одговорно се сервисираат долговите направени токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Со домаќинските и одговорни политики на владата предводена од СДСМ , денес имаме раст на минималната плата на 12.507 денари, со тенденција за нејзино покачување на 13.000 денари.

Раст на просечната плата за околу 4.5 отсто повеќе во споредба со ланската 2018 година со крајна цел таа до крајот на 2020 година да изнесува 500 евра или 30.000 денари.

2018 е година на рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра. Во првиот квартал од 2019 забележан е и раст на извозот од 7.7 отсто и раст на индустриското производство од 8,8 отсто.

Сите овие параметри потврдуваат дека економијата се движи во добар правец, а земјата бележи економски раст и напредок.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат интензивирање на економскиот раст, нови работни места и подобар животен стандард за сите граѓани.”, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ се менува и отвара шанси за младите

Ана Ололовска

СДСМ: Промените се нова енергија за забрзување на напредокот, во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува

Ана Ололовска

Заев денеска ќе го достави предлозите за нови министри и заменици-министри

Ана Ололовска

ВИДЕО: За потпретседатели на СДСМ се избрани Царовска, Петров, Спасовски, Зекири и Манчевски

Татјана Ташкова

Заев: Доколку постојат докази за незаконско инволвирање во „Рекет“ веднаш да се објават

Татјана Ташкова

СДСМ: Никој не е над законите, истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите

Ана Ололовска