СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со своето нехумано однесување го доведува во опасност здравјето на граѓаните

Од:

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со своето деструктивно и нехумано однесување од почетокот на пандемијата со коронавирусот во нашата земја работат на штета на здравјето на граѓаните.

Во време кога пандемијата зема замав и сите европски држави воведуваат построги мерки за заштита од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ го кочеше и одолговлекуваше донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести во парламентот.

Уште од првите моменти од пандемијата со коронавирусот Мицкоски бесрамно лажеше дека немало доволно тестови за коронавирусот, ги делеше здравствените работници на ваши и наши, потоа намерно ги прекршуваше мерките за заштита од коронавирусот и одеше во фитнес центри и ресторани кои не смееја да работат“, соопштува СДСМ.

„По налог на Мицкоски неговата послушничка во техничката влада Гордана Димитриеска Кочовска го кочеше заемот од Светска банка, пари за опремување на центрите за интензивна нега кои ако невреме беа опремени, ќе беа целосно подговтвени за есенскиот бран, а Наќе Чулев за политички поени, охрабруваше да се прекршуваат мерките и најавуваше дека полицијата нема да казнува.

Колку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за јавното здравје зборува и тоа што членот на Извршниот одбор Вело Марковски велеше дека вирусот не е опасен, дека ќе заврши за месец – два со што ги охрабри граѓаните да не ги почитуваат мерките.

ВМРО-ДПМНЕ од една страна глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност и го покажува и своето нехумано лице“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“