СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со шпекулации се обидува да ги загрози започнатите истраги од УЈП

Од:

„Освен што блокира се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски шири шпекулации и измислува наводни афери со цел да го поктопа функционирањето на институциите“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Чиста лага и шпекулација се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за наводна афера во работењето на Управата за јавни приходи.

Како што и јавно објави УЈП, станува збор за утврдено незаконско работење сторено од одредени даночни обврзници кое УЈП го открило уште во јули 2021 година при што сите документи и материјали се доставени до надлежните институции и предметот е веќе во предистражна постапка.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку шпекулации и лажни вести да се обидува да загрози истраги од надлежни институции, на ист начин се обидуваа и да попречат акции и истраги на Министерството за внатрешни работи.

Неодговорното однесување, одбрана на криминалот, блокадите и лажните вести остануваат заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО