СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ си вергла по старо, шири невистини и лажна загриженост

Од:

„Поразената ВМРО-ДПМНЕ си вергла по старо, едни исти невистини, лажна загриженост, ништо ново, далеку од јавниот интерес и интересите на граѓаните.

Епидемијата од морбили е резултат на падот на колективниот имунитет, поради криминалните, катастрофални политики токму на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години, уништувањето на здравствениот систем и целосната негрижа за здравјето на граѓаните.

Дури и прогласувањето на епидемијата ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше, а ако не се случеше ситуацијата сега ќе беше алармантна.

Министерството за здравство ги презема сите потребни мерки и чекори за заштите на здравјето на граѓаните. Меѓу другото се спроведува и акцијата за вакцинирање и ревакцинирање, со што веќе над 24 илјади вакцинирани дечиња од почетокот на епидемијата.

Простор за паника нема, граѓаните ги следат препораките на Министерството и не подлегнуваат на невистините што ги шири ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до јавните набавки во Министерството за здравство, јавното обвинителство за гонење организиран криминал јавно потврди дека се кристално чисти и законски.

Паѓаат во вода сите обиди за ширење невистни од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нивната лажна загриженост е препознаена од граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?