СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за кандидатите на СДСМ, во страв од изборен пораз

Од:

„Повторно ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести.

Во недостиг на идеи и страв од изборен пораз неуспешно се обидуваат да ги манипулираат граѓаните.

Златко Марин во 2009 година имал сообраќајна незгода, но фактите се сосема поинакви од лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот е завршен со судска пресуда во којашто стои дека и двата учесници во настанот се виновни за сообраќајната незгода. Согласно судската одлука двете лица кои учествувале во прекршокот имале иста одговорност и уредно си ја платиле казната до 26.000 денари. Златко Марин не е осуден за ништо и за тоа има поднесено соодветна потврда.

За разлика од овој законски и одговорен пристап, соработниците на Никола Груевски, Ален Зекиров и Дејан Митревски – Урко убиваа луѓе со мотори и не одговараа.

Помина времето на беззаконие во кое се дивееше по улиците и се газеа луѓе, а никој не одговараше. Доаѓа одговорна власт која ги почитува законите и тие важат за сите подеднакво“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски