СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од одлучноста на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто безобразно го распродава и руши имотот којшто е од огромно културно, историско и општествено значење за граѓаните на Р.Македонија.
 
Објектите коишто ВМРО-ДПМНЕ сака да ги распродава за ефтини пари се во сопственост на сите граѓани на Р.Македонија.
 
Оттука мизерни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да си ги присвојува овие објекти во сопственост на Р.Македонија.
 
Со години објектот на ПАРТИЗАН 4  е заборавен од власта на поранешниот премиер Груевски. Сега наеднаш на ВМРО-ДПМНЕ им текна на овој спортски објект со цел да ги полнат сопствените џебови со пари на граѓаните. 
 
Груевски е човекот кој за 10 години не изгради ниту еден студентски дом а потроши 630 милиони евра за споменици.
 
Тоа е потценувачкиот однос на Груевски и ВМРО ДПМНЕ којшто го видоа и Битолчани во обидот за продажба на Офицерскиот дом, а сега го гледаат и скопјани во обидот за продажба на спортскиот центар Партизан.
 
Сега ВМРО-ДПМНЕ се плаши и се повлекува пред одлучноста на граѓаните.
 
СДСМ нема да дозволи апсурдни распродажби на објекти од културно, историско и општествено значење за граѓаните на Македонија.
 
Заврши времето на Никола Груевски. Завршува времето на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните