СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да создадe паника кај граѓаните

Од:

„Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, несериозно и неодговорно сакаат да ја злоупотребуваат заканата врз јавното здравје, предизвикана од коронавирусот и се обидуваат да создадат атмосфера на паника кај граѓаните, СДСМ презема одговорност за справување со економските последици од оваа криза.

Дури и во вакви тешки времиња, кога целата држава, институциите, медицинските лица, полицајците, граѓаните, се посветени на борба со коронавирусот и заштита на здравјето Христијан Мицкоски, послушникот на Никола Груевски, од белиот дворец шири невистини, а нема ниту став, ниту предлог за доброто на граѓаните“, велат од СДСМ.

„Од човек кој за 100 отсто ја зголеми цената на електричната енергија и кој во време на сиромаштија тераше бизнис со хидроцентрали на грбот на граѓаните, друго и не може да се очекува.

Нема простор за паника, СДСМ презема одговорност да се справиме со економските последици од оваа криза.

СДСМ во изминатите 2,5 години ја извлече економијата од минус ја стабилизираше и сега подготвено ги дочекува економските предизвици предизвикани од последиците со ширето на коронавирусот.

Тоа остава можност за издржани мерки и решенија кои ќе ги намалат негативните последици врз економијата и ќе помогнат на работниците, на фирмите, на стопанството, на сите граѓани.

Јасно е дека Мицкоски е против овие мерки, затоа што тој е научен само да зема од државата а не и да помогне, затоа тој не сака од ништо да се откаже“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов