СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да лаже – македонските топоними не се забрануваат

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешното соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на делување освен ширењето лажни вести, измислици и невистини преку кои се обидува да ги манипулира граѓаните.

При јавно објавен Договор, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да ја лаже јавноста и да ја потценува интелегенцијата на граѓаните.

Во договорот јасно стои дека приоритет им се дава на ендонимите, наместо егзонимите и тоа важи подеднакво и за двете страни. Приоритет на едно не значи забрана за друго. Со тоа се обезбедува чисто и соодветно решение согласно меѓународните стандарди.

Договорот предвидува и формирање на Заеднички комитет кој ќе работи во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа, а неговото делување исто така ќе важи за двете страни подеднакво.

Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ мора да престане со лажните вести и да се вклучи во процесот што обезбедува решение на 25 годишен спор, што го зајакнува и зачувува македонскиот идентитет, македонската посебност и македонскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски