СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната истрага за пожарот

Од:

„Додека е државата во тага, ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната, непристрасна, објективна и ефикасна истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово, која ќе даде одговори за се“, велат од СДСМ.

„Предизборна политизација на трагедијата е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да покрие тоа што нема понуда и знае дека и следи пораз.

Нема да дозволиме лагите, некрофилноста на ВМРО-ДПМНЕ да влијаат врз истрагата.

Институциите имаат стручност и капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага.

Вклучувањето на странски експерти во откривањето на причините за пожарот е дополнителна потврда за непристрасност во постапката.

Јавноста навремено ќе биде запознаена со секоја запирка и точка од извештајот на истрагата и дејствијата кои се преземаат, никој нема да биде изземен од одговорност ако истрагата тоа го утврди“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби