СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да го прикрие неработењето на нивните градоначалници со измислици

Од:

„Во паника од нарушениот рејтинг на нивните градоначалници и во обид да го прикријат нивното неработење ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пласира измислици и лажни вести. Таква е и денешната прес-конференција околу инсталирањето на соларни системи на објекти на Министерството за внатрешни работи“, реагира СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што објави и МВР и во двете спроведени постапки за конкретната набавка, критериумите биле исти односно се барале минималните услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки и не постоел ниту еден дополнителен критериум. За двете спроведени постапки не било поставено ниту едно прашање пред јавното отворање, ниту пак е поднесена жалба за тендерската документација или жалба на одлуката за поништување на првата односно избор во втората постапка.

Ништо ново од белиот дворец, наместо да го поздрави чинот на еколошка трансформација на објекти на МВР, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го прави она што единствено го знае – да ја манипулира јавноста“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби