СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ против македонски јазик во ЕУ и против Отворен Балкан

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ останува деструктивна партија, која е против ЕУ, против македонскиот јазик, на која не и се важни интересите на државата и потребите на граѓаните. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за ратификацијата на договорот со Фронтекс, не гласаа ниту за законите поврзани со иницијативата Отворен Балкан“, соопшти СДСМ.

„Со месеци ширеа лаги за асимилација и бугаризација и правеа хистерија дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, а потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во собраниската сала и не гласаа за ратификација на Договорот со Фронтекс, кој е најсилен доказ дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти.

Не ги поддржаа ни за законите од Отворен Балкан, кои овозможуваат унапредување на мобилноста на работната сила, зајакнување на конкурентноста на македонската економија и регионалната соработка.

Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните, не се во салата, не се на своето работно место, не гласаат и не даваат никаков придонес.

Тоа е односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Собранието, кон државата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нервозни што не им успеаја сценаријата за предвремени избори, бегаат од одговорност, делуваат против интересите на државата и на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион