СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со праксата на создавање тензии

Од:

Со повикот до своето членство да не присуствува на одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата пракса на создавање поделби и тензии меѓу граѓаните, реагира денеска СДСМ преку соопштение.

– Оние кои лажно повикуваа на четврти Илинден, решија да го бојкотираат чествувањето токму на Илинден и на 2 Август, со што го погазуваат вековниот стремеж за слободна и независна Македонија. Одбележувањето на 2 Август е заедничка вредност на сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната партиска, етничка или религиска припадност, се наведува во соопштението.

Од СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба вистински да се реформира, да се надмине себеси, деструктивниот начин на однесување и конечно, како што истакнуваат, да стави крај на политиките што создаваат поделби меѓу граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ ниту смее, ниту може, да им сугерира на граѓаните дали и како да го чествуваат празникот што е длабоко врежан во историјата на нашата заедничка Република Македонија, се наведува во соопштението од ССМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?