СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриoтизам на Груевски, Мицкоски треба да ги напушти политиките на поделби и омраза

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриотизам. Блокирајќи го Законот што тие го прифатија во надеж дека ќе формираат Влада, впрочем ги блокираат реформите со што го кочат развојот на Македонија. Со тоа дејствуваат на директна штета на граѓаните и на државата.

Христијан Мицкоски продолжува да ги води истите политики што ги водеше неговиот претходник Никола Груевски, а коишто нанесувааат штета врз државните и интересите на граѓаните. Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ и да ги надмине политиките на поделби и омраза на неговиот претходник во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го прифатат концептот на едно општество, а не напразно да го споменуваат во јавноста и низ медумите. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна демократска држава и едно општество за сите граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски