СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со измислување непостоечки случаи

Од:

„Ниту еден измислен случај, ниту една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја прикрие нивната безидејност и очај, ниту пак ќе ги избрише катастрофалните последици од нивното 11 годишно криминално и расипничко владеење.

Лицемерни и залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да измислува случаи онаму кадешто ги нема. Според јавно достапните информации, првиот договор за истражување на минерална суровина – глина, во општина Василево, фирмата Тотал Инженеринг со Владата на Република Македонија го има потпишано 2015 година. Tокму во времето кога премиер на владата беше Никола Груевски, тогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако била остварена претходно утврдената постапка во која се запазени сите законски и правни регулативи и се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции, Владата во 2018 година ја усвоила одлуката за доделување на концесија и за експлоатација на минерална суровина – глина на село Дукатино.

Земајќи ги предвид реалните факти станува јасно дека нема никаков конфликт на интереси, туку дека се работи единствено за финиширање на постапка започната уште во 2015 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ како одговорна партија неколкупати ги повика сите надлежни институции и сите граѓански и невладини организации кои се бават со прашања на конфликт на интереси темелно да ги проверат измислените случаи на ВМРО-ДПМНЕ и за сите наоди транспарентно да ја информираат јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ одново покажува дека покрај лажните вести единствен начин на делување им се измислени случаи преку кои се обидуваат да ја манипулираат јавноста. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со поразените политики на Никола Груевски и работи единствено за дневно политички интереси, а не за интересите на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он