СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ги злоупотребуваше институциите, не може да разбере што значи неселективно владеење на правото

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што со години ги партизираше и злоупотребуваше институциите, нема капацитет да разбере што значи нулта толеранција за корупција и криминал и што значи неселективно владеење на правото.

Денес институциите работат независно, професионално, согласно нивните надлежености, ослободени од партиски притисоци и во интерес на граѓаните, а законите важат за сите подеднакво.

Секој кој го прекршил законот одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било друга припадност.

Тоа е суштинска разлика што ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ја согледа, а којашто носи придобивки за Република Македонија и нејзините граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ, реакција на изјавата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он