СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ параниочно шири лажни вести, обидот да ги вовлекува собраниските служби во своите политикански игри за блокади е скандалозен

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ параниочно шири лажни вести и конструкции, соочена со неуспехот на сопствените политики на поделби и омраза коишто ги промовира.

Скандалозна е намерата на опозициската партија да ги вовлекува собраниските служби во своите ситни политикантски игри на манипулации и лажни вести.

Според јавно достапните информации објавени во медиумите, собраниските служби веќе потврдиле дека сите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се уредно примени, архивирани и заверени. Сите конструкции на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода.

Со овој очаен потег, јасно се чита намерата на ВМРО-ДПМНЕ да ја прикива изгубената доверба кај граѓаните со постојано измислување лажни вести.

Законот за употреба на јазиците е целосно во согласнот со Уставот на Република Македонија. Намерите на ВМРО-ДПМНЕ се да го блокира Собранието и да го кочи реформскиот процес со што работи против интересите на граѓаните и интересите на Република Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски