СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во сопствената политика на поделби

Од:

ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во сопствената политика на поделби, изолација, раздор и конфликти со што продолжува да работи на штета на државните и интересите на граѓаните, наведува СДСМ во рекацијата на барањето од ВМРО-ДПМНЕ за повлекување од Договорот за добрососедство со Бугарија.

– Додека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во минатото, Македонија чекори напред. Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на нашата држава и во согласност со интересите на граѓаните на Македонија и на Бугарија. Договорот е основа за пријателство и взаемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади и на сите граѓани, стои во реакцијата.

Од СДСМ посочуваат и дека „целиот демократски свет го поздрави историскиот договор помеѓу Македонија и Бугарија, како значаен исчекор кон иднината и евро-атлантските интеграции на Република Македонија, истакнувајќи го значењето но и јакнењето на регионалната и меѓународна позиција на Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја потпкопуваше“.

– Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заради свои лични криминални интереси и на штета на државата ја изолираa Македонија од меѓународните и евро-атланстските процеси. Договорот го рефлектира новото време на соработка, на добрососедство, на празници што обединуваат наместо да делат и на регионален напредок наместо регионални конфликти, е наведува во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?