СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во ретроградните политики

Од:

„Јавното застанување зад ретроградните политики на Никола Груевски што беа силно поразени од граѓаните, како и терористичкиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ во овој период, покажува дека опозициската партија останува заглавена во сопственото темно минато.

Таканаречениот споменик што беше поставен насилно и незаконски, останува да биде паметник на насилното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Различните фрустрации на луѓето во врвот на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години се истураа врз грбот на граѓаните и врз интересите на државата. Тоа време заврши, граѓаните го поразија заедно со прогресивните демократски сили. Следува одговорност за целокупното зло нанесено врз граѓаните и државата, согласно законските процедури, за никогаш да не се повтори“, се вели во соопштението на СДСМ, реакција на прес конференцијата на Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски