СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на лажните вести и злоупотребата на човечки трагедии

Од:

На ВМРО-ДПМНЕ очигледно му стана навика да злоупотребува човечки несреќи во дневнополитички цели со што само покажува во каков очај и безидејност се наоѓа опозициската партија, реагира СДСМ на изјавата на Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ

Токму ВМРО-ДПМНЕ 10 години не направи ништо ниту за здравството, ги понижуваше лекарите и пациентите и го урниса здравствениот систем, а денес шири лаги и неоснована паника меѓу граѓаните. Поради таквите лоши политики на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја изгубија довербата во здравствениот систем. За разлика од таквиот однос, денес Владата предводена од СДСМ инвестира во здравството и ја враќа загубената доверба, велат од партијата.

“Како резултат на активностите кои ги презема Владата предводена од СДСМ, новороденичката смртност на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е намалена за 30 отсто, која во време на ВМРО-ДПМНЕ беше многу поголема.

Формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата за кое ВМРО-ДПМНЕ со денови лаже, ќе биде во корист на пациентите. Со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за здравствено осигурување и беа исплаќани на паушално ниво кон болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, ќе бидат оптимизирани и контролирани.

Квалитетот на опремата која ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара и предизвикува проблеми, ќе биде сменета со нова.

Не минуваат веќе лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, јасно потврди дека јавните набавки во Министерството за здравство се кристално чисти и законски.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на лажните вести и злоупотребата на човечки трагедии.”, е наведено во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски