СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ организира навивачки групи за да шири поделби и тоа на гробот на Гоце Делчев

Од:

„На големиот ден, 4 мај, на одбележување на 117 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ го покажа лицемерното, очајничко и режимско лице.

Преку навивачки групи, ВМРО-ДПМЕ организира партиска пропаганда, и ги делат граѓаните пред гробот на македонскиот херој, Годе Делчев кој животот го посвети на обединување на македонскиот народ“, велат од СДСМ.

„Освен поделби и вештачки тензии, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја попречи и слободата на изразување како и работата на медиумите.

Бидејќи собирањето во масовни групи е спротивно на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот го повикуваме Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки и соодветно да ги казни прекршителите.

Исплива на виделина и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои наводно се загрижени за здравјето на граѓаните и бегаат од избори, а во исто време организираат навивачки групи и собири спротивни на мерките и препораките на здравствените власти.

Одново се покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски останува на погрешната страна, против интересите на државата, против интересите на македонскиот народ, против интерсите на сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар