СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да профитира на несреќата на граѓаните, институциите преземаат мерки за спречување на ширење на вирусот

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот министер Никола Тодоров го урниса здравствениот систем и газеше врз достоинството на лекарите и пациентите. Водејќи се исклучиво од коруптивни и бизнис интереси и криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров здравствениот систем на Македонија го направија еден од најлошите и најсмртоносните во Европа.

Лицемерно и безобразно е опозициската ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на идеи, да ја користи несреќата на граѓаните за очајно да се обидува да добие некаков политички поен. Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставија урнисан здравствен систем, недостиг на современа опрема и медицински кадар, распаднати болници и здравствени домови, а тоа се покажа и во овој случај кога поради долгови и блокирани сметки Институтот за јавно здравје останал без реагенси и тие мораа да се позајмуваат од соседни земји.

Надлежните институции се вложија во справување со болеста, се преземаат неопходните мерки за превенција и спречување на повторна појава и натамошно ширење на вирусот. Институциите посветено и активно работат во функција на брзо и ефикасно решавање на проблемите наследени од ВМРО-ДПМНЕ и на подобрување на условите за живот на сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?